
Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommonPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.
Ова е процедурата за преземање на овој сертификат:
Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, па сега освен националниот сертификат со QR код, имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ.
Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата, стои во соопштението.






