вторник, 19 мај 2026

Вчера се вакцинирале вкупно 16.955 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Министерството за здравство, во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 68% од населението над 70 години, 66% од населението над 65 години, 62% од населението над 60 години и 53% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата, информираат здравствените власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ