Правдата на финалниот натпревар ќе ја дели Игор Стојчевски, кој важи за еден од најдобрите македонски арбитри и е интернационален ФИФА судија.
Стојчевски е вклучен и во ментор програмата на УЕФА за елитни судии, каде работи под менторство на поранешниот славен турски арбитар Џунејт Чакир. Дополнително признание за македонскиот судија е и изборот да суди на Европското првенство до 19 години кое годинава ќе се одржи во Велс.
Негови помошници на финалето ќе бидат Тоше Ицев и Вјолца Изеири, додека четврти судија е назначен Бењамин Керими.
Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски како ВАР судија и Гоце Петрески како АВАР судија.






