понеделник, 18 мај 2026

Вчера биле вакцинирани 12.545 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Со последните бројки 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто над 60 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 45 отсто над 50 години се вакцинирале барем една доза вакцина.

МЗ соопшти дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

МЗ апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ