„Безбедното отворање на училиштата бара колективен напор и овој проект е само еден напор училиштата да останат безбедна средина за учење. Училиштата докажаа дека имаат капацитет да ги следат протоколите за превенција на ковид-19, па сега, повеќе од кога и да е, им се потребни ресурси и капацитети за да го надоместат изгубеното во наставата и менталната благосостојба”, изјави Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.
„Оваа пандемија ја стави на испит нашата лична и колективна издржливост, но заедно сме исправени во заштита на здравјето и безбедноста на сите, особено на нашите деца. УСАИД е горд што придонесува за одговорот на ковид-19 во Северна Македонија. Соединетите држави обезбедија над 6,7 милиони долари помош за земјава насочена кон итно олеснување на пандемијата, економско-социјално закрепнување и подготовки за воведување на вакцинации”, изјави Ерик Јановски, претставник на УСАИД во Македонија.

Донацијата беше промовирана со посета на основното училиште „Климент Охридски” во Драчево.






