вторник, 19 мај 2026

Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде реален и одржлив, потребно е тој да биде вграден во стратешките документи, програмите и планирањето на сите институции кои се дел од оваа агенда – истакнала министерката Божиновска.

Фокусот на состанокот на Советот за праведна транзиција, како што се наведува во соопштението од Министерството, бил ставен на институционалната координација, усогласувањето со Реформската агенда, обезбедувањето финансиска поддршка и мерките за поддршка на вработените во енергетскиот сектор.

Членовите на Советот направиле преглед на реализацијата на Годишниот план за праведна транзиција и оцениле дека активностите се движат во позитивна насока, но дека е потребна посилна институционална координација и мобилизација на финансиски инструменти за поддршка на приоритетните активности.

На состанокот посебен акцент бил ставен на усогласувањето на Патоказот за декарбонизација со стратешките документи и програмите на институциите вклучени во процесот, како и на обезбедување координиран пристап кон имплементацијата на реформите поврзани со енергетската транзиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ