
Според статистиката за тој период, од вкупниот број позитивни на коид-19 високи 77 проценти или 27.298 граѓани не биле вакцинирани. Во однос на хоспитализираните, пак, 79% од нив се невакцинирани, а 21 процент вакцинирани.
Во анализата на Министерството се и податоците за смртноста, при што се наведува дека во периодот од 6 август до 30 септември од ковид-19 починале 1.162 лица од кои 987 не биле вакцинирани, а целосно вакцинирани биле 175, односно 15 отсто од починатите. Според анализите, како што велат од Министерството за здравство, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Инаку, пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, а има и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.
Во соопштението од Министерството уште се појаснува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина и истовремено се апелира до граѓаните да се вакцинираат зашто само така ќе се постигне колективен имунитет.






