Станува збор за наставник по англиски јазик кој во училиштето работел повеќе години.
Како директор ќе го дадам наставникот на дисциплинска комисија и тоа што го пишуа во законот тоа ќе го спроведеме, рече директорката.
Запрашана дали наставникот ќе добие отказ, таа рече дека станува збор за насилство врз малолетно лице.
„Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик“, додаде таа за „Слободен печат”.






