петок, 15 мај 2026

На Европската олимпијада по физика две награди за македонски средношколци

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот тим го сочинуваа и Марко Стојановски ученик во четврта година при СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, Мајкл Георгиевски ученик во втора година во СОУ „Добри Даскалов“ – Кавадарци и Димитар Џорлев, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.

Само 0,4 поени ја делеа Емилија од бронзен медал, а само 0,2 поени го делеа Марко од пофалница. Наградените ученици се натпреваруваа со 220 ученици од Европа и светот од кои најголемиот дел се ученици во завршните години на средното образование.

Учеството на тимот на олимпијадата беше овозможено од Друштвото на физичарите на Република Македонија, додека натпреварот се одржа во просториите на Институтот за физика при Природно – математичкиот факултет во Скопје. Во подготовката на учениците, организацијата на натпреварот, дискусијата, преведувањето на задачите, набљудувањето на учениците, приговорите и сите останати активности, покрај лидерите на тимот учествуваа и други членови на ДФРМ и вработени на Институтот за физика при ПМФ: доц. д-р Трифче Сандев, проф. д-р Боце Митревски, проф. д-р Ламбе Барандовски и проф. д-р Александар Скепаровски.

Наредната Европска олимпијада по физика ќе се одржи во мај 2022 година во Љубљана, Словенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ