петок, 15 мај 2026

Беше прогласен за играч на мечот, па веднаш стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Желсон Дала е голман на репрезентацијата на Ангола до 17 години, тој беше прогласен за играч на натпреварот во ремито без голови против Мали на отворањето на Африканскиот куп на нации за кадети.

Објавено на

часот

Сподели

Сепак неговата партија со шест одбрани е во сенка на неговиот изглед кој стана мета на коментари.

На официјалната страна беше објавена фотографија од Дала со признанието за играч на мечот, а таа фотографија привлече и големо внимание.

Имено најголем дел од јавноста не верува дека Дала има 16 години, па фотографијата собра голем број коментари со шеги на негова сметка.

Инаку, тој е член на тимот на Петро де Луанда каде што исто така настапува во генерацијата до 17 години.

Во светот на фудбалот е познато дека голем дел од африканските земји ги лажираат годините на фудбалерите со цел да бидат конкурентни во младинските категории.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ