Првиот случај бил пријавен вчера попладне, кога Е.Е. од селото Сенокос, гостиварско, пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во селското училиште.
Истото попладне полициски службеници од полициското одделение Галате го лишиле од слобода Р.А. од истото село. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Подоцна истиот ден, С.Ј. пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат на час од наставник во основно училиште во гостиварско. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во третиот инцидент, половина час пред полноќ, Д.Н. пријавил дека на паркинг на улицата „Илинденска“ во Гостивар бил физички нападнат од Н.Р. и уште две други лица. Полицијата работи на утврдување на околностите и идентификација на сите инволвирани.






