петок, 15 мај 2026

Тетовската полиција приведени странски државјани поради нерегулиран престој

Синоќа, во периодот од 1:50 до 2:45 часот, СВР Тетово спровело акциска контрола во угостителски објект на подрачјето на Гостивар и привело странски државјани поради нерегулиран престој.

Објавено на

часот

Сподели

При контролата биле затекнати и приведени три државјанки на Србија и Црна Гора, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на пријавената цел на престојот.

Дополнително, во објектот бил приведен и државјанин на Босна и Херцеговина, поради непријавен престој во државата.

Сите лица биле задржани во полициска станица, а по документирање на случајот ќе следува понатамошна постапка согласно законските прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ