петок, 15 мај 2026

Кражба во маркет во Тетово, приведен 19 годишик по брза полициска акција

Вчера вечер на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот А.Ц. од Тетово, поради основано сомнение за извршена кражба во маркет, информираа од СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, претходно вработена во маркет пријавила дека две лица во два наврати одзеле алкохолни пијалаци од рафтовите и потоа побегнале од маркетот.

По преземени мерки и активности од страна на полицијата, едно од лицата било пронајдено, лишено од слобода и задржано во полициска станица.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ