Инаку, деновиве е значително зголемен интересот за вакцинација меѓу граѓаните, откако беа најавени новите рестриктивни мерки заради ширењето на коронавирусот, според кои ќе се бара сертификат за примена барем една доза на вакцина за влез во објектите од затворен тип, како за присуство на помасовните настани на отворен простор.
Во текот на вчерашниот ден прва доза на вакцина примиле близу 9 илјади граѓани.
Болеста предизвикана од коронавирусот деновиве забрзано се шири. Денеска е постигнат нов рекорд – 672 нови случаи на ковид-19, а пет лица починаа.






