вторник, 19 мај 2026

ДУИ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ врши брутален притисок врз обвинителството

Секојдневната неделна кампања со закани, терор и притисок врз обвинителството од страна на „моќникот“ (судски случај „Моќник“ за кој Милиошоски беше суден) со приватен авион Антонио Милошоски, е скандалозно и севернокорејско, обвинуваат денеска преку партиско соопштение од опозициската ДУИ. Според партијата, пратеникот Милошоски нема морален, политички ниту правен кредибилитет да зборува за правда бидејќи, како што велат оттаму, тој е познат по нарачки на пресуди, истраги, претреси, лустрации, и е човек кој што се спасил од кривична одговорност со измените на Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од ДУИ, партијата веќе ја информирaла сета домашна и меѓународна јавност, амбасади и организации, за, како што велат оттаму, овој досега невиден политички притисок врз правосудството.
„Наместо да се одважат, издигнат, и да прифатат правни одлуки, глумат обвинители од Тему, иако го немаат ниту прочитано извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) ниту одлуката на Обвинителството. ДЗР нема ниту една експертиза за вештачење, но ВМРО упорно ја лаже јавностa. Напротив, Обвинителството има добиено посебни вештачења и за квалитетот и за штетата.  Го повикуваме јавниот обвинител, Здружението на јавни обвинители, Советот на јавни обвинители, судството, фелата, САД и ЕУ, медиумите, да го осудат овој брутален и неприфатлив терор врз правдата“, велат од ДУИ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ