Шефот на СЗО за Европа во понеделникот рече дека бројот на заразените и починатите повторно е во пораст во Европа, особено во посиромашните нации на Балканот, Кавказ и Централна Азија.
„Минатата недела имаше 11% зголемување на бројот на починатите во регионот – една сигурна проекција очекува 236.000 починати во Европа до 1 декември“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Четири европски земји се во првите шест земји во светот според бројот на починати од ковид-19 на милион жители заклучно со 30 август: Унгарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Македонија.
Европската Унија во понеделникот препорача земјите-членки повторно да воведат ограничувања за патување за некои туристи поради зголемените инфекции со ковид во земјата.
„Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави се отстранети од списокот“ на безбедни земји, се вели во соопштението на Европскиот совет, кој ги претставува 27-те влади на блокот.
Стапките на новозаразени повторно се зголемуваат на глобално ниво, додека преовладува високозаразниот делта-сој – особено кај невакцинираните – демнејќи над популациите каде што антивирусните мерки се олабавени, вели Еурактив.






