сабота, 16 мај 2026

Кунгуловски: Големи се шансите делта да стане доминантен сој во земјава

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска се потврдени шест случаи (четири во Јавно здравство и два во Жан Митрев клиник) позитивни на делта варијантата на (SARS-CoV-2). Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на (SARS-CoV-2) се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50 проценти, а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50 отсто побрзо од (D614G) сојот кој пак се пренесуваше за 20-30 посто побрзо од изворниот (Wuhan)-ски сој“, пишува Кунгуловски на ФБ.

Според него, има големи шанси делта да стане доминантен сој во светот, Европа, па и земјава во наредниве неколку месеци.

„Тешки месеци ќе бидат, посебно за невакцинираните и непрележаните… Вакцините се уште ја добиваат битката и со новите соеви. На голем дел од нив им се намалува ефикасноста, но истата е доволна за да се неутрализира и сузбива пандемијата. Вакцинацијата ни е најсилната алатка во борбата“, напиша Кунгуловски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ