„Позитивни на ковид-19 се директорката на средното улилиште „Димитрија Чуповски” , како и еден ученик во средното училиште „Коле Неделковски” и двајца во гимназијата „Кочо Рацин” .Во изолација се наоѓаат само не вакцинираните ученици на два класа на гимназијата. Од основните училишта позитивен тест имаат еден директор, психолог и еден педагог, како и еден наставник и шест ученици, а вкупно осум ученици се во изолација“, вели градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Во Штип еден ученик е позитивен на вирусот, еден клас е ставен во изолација, а позитивен тест добил и еден наставник во средното текстилно училиште.






