
„Во изминатите неколку месеци ниту со една реченица не беа спомнати децата и лицата со попреченост, родителите и асистентите како дел од целокупниот процес од страна на релевантните фактори кои секојдневно лиферуваат соопштенија преку медиумите. И не само децата и лицата со попреченост, туку и семејствата и асистентите. Таквата состојба се уште трае, што може да се протолкува како неподготвеност, незнаење или страв од неуспех на Владата на Република Северна Македонија, Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести
Јавноста е во исчекување, родителите се во исчекување, децата се во исчекување, асистентите се во исчекување и така до бескрај“, пишува во соопштенито.
Според Коалицијата неограничено движење е неопходно потребно заради спецификата на нивната попреченост. Оттаму објаснуваат дека социјализацијата на лицата со попреченост придонесува за подобрување на нивната самостојност, успех во дружењето, самопочитување, позитивните ставови и чувство на успешност на децата и лицата со попреченост.
Според нив, клучната работа е носење заштитна опрема, почитување на протоколите и „се ќе биде во ред. Редовна дезинфекција на просториите, опремата, самодисциплина, а неа је имаат децата и лицата со попреченост, тие се послушни, внимателни, исполнителни и свесни за проблемот“.






