вторник, 19 мај 2026

Филипче: Патниците од странство се најбројни меѓу новозаразените

Објавено на

часот

Сподели

„Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции“, вели Филипче во и смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.

Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, вели министерот Филипче.

Вирусот во изминатата година е виновен за илјадници смртни случаи насекаде па и кај нас и министерот е со став дека смртноста е еднаква насекаде во регионот.

Во болниците се спроведуваат сите протоколи на лекување, уверува министерот и дополни дека здравствениот систем и во моментов е подготвен да одговори на евентуален нов бран на зараза. 

„Системот е целосно подготвен да се справи со евентуален нов бран, но мора сите да знаеме дека не можеме да живееме со рестрикции. Мора сите да се вакцинираме за да се врати нормалното функционирање на сите животни процеси, на економските субјекти, угостителските објекти, на местата за масовни собири. Граѓаните треба да знаат дека токму на такви места може да им биде побаран сертификат за имунизација или негативен ПЦР тест, бидејќи ние мора да го заштитиме населението, а притоа нормално да функционираат институциите и економијата”, изјави тој, додавајќи дека со вакцината која ја имаме на располагање и со која можеме да се заштитиме, имаме можност да ги избегнеме истите рестриктивни мерки кои беа на сила минатата година.

 „Статистиката за случаите во нашата земја е отворена и транспарентна, системот се покажа дека добро функционира, бидејќи граѓаните мора да ја знаат објективната ситуација. Ние не знаеме дали понатаму, можеби следната година ќе се соочиме со некоја друга мутација на вирусот, и затоа апелираме граѓаните да се вакцинираат, а системот е подготвен да се справи со сите предизвици”, заврши тој.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективната имунизација е единствен начин да се стави крај на пандемијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ