Според Министерството, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, во тек е и теренска вакцинација, досега се палицирани вкупно 1.152.274 дози вакцини, додека ревакцинирани се 499.934 граѓани.
Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 70% од населението над 70 години, 67% од населението над 65 години, 63% од населението над 60 години и 54% од населението над 50 години.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата, а теренска вакцинација се одвива на територија на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, а претходно термин се закажува на vakcinacija.mk.






