Протоколите се почитуваат максимално од страна на учениците, студентите и персоналот. Засега немаме трансмисија на вирусот во домовите. Се надеваме дека со одговорно однесување заеднички на сите, домовите и интернатите ќе останат безбедни, рекоа директорите на состанокот.
Царовска им посака успешна работа и апелираше на доследно почитување на мерките за заштита како и честа дезинфекција и одржување на хигиената во објектите.
„Од сите нас зависи заштитата на јавното здравје. Штитејќи се себе си ги штитиме и нашите најблиски и сите останати. Затоа апелирам на максимално почитување на протоколите во ученичките и студентските домови“, истакна таа.
МОН ги објави списоците со примени студенти од втора и повисоките години на студии во студентските домови, а вчера започна и аплицирањето за бруцошите што ќе трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1294 места во студентските домови.
„Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од десет дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј” бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември 2021 година“, се вели во соопштението.






