понеделник, 18 мај 2026

Бројот на заразени со ковид-19 се зголемува, вчера имаше 54

Објавено на

часот

Сподели

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројот на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491. 

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, која денеска ќе се одвива во 19 населени места. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 506.033 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.770 граѓани, а завчера вкупно се вакцинирале 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што посочуваат од Министерството, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 56 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 46 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Интернет страницата vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, информираат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ