вторник, 19 мај 2026

Бројни негативни реакции за новата редарска служба која ќе треба да легитимира гости во кафеани

Објавено на

часот

Сподели

Оваа нејзина реакција доаѓа по одлуката на Владата од 16 август да се воведат редарски служби кои ќе ги проверуваат сертификатите за вакцинација на лицата што ќе учествуваат на настани каде што ќе има 30 гости.

„Како ќе се воспостави редарска служба во правни лица кои ја немаат според систематизација и според кое овластување кој било што не е службено лице ќе легитимира за да утврди дали доказот за вакцинација кореспондира со лицето кое го приложува? Ова ја надмина по иновативност мерката да ве идентификуваат угостителите дали вие и лицата со кои седите на иста маса сте од исто семејство, која не можеше да се спроведе“, пишува Арсовска.

На оваа најнова владина мерка реагираа и од Независната угостителска комора од каде велат дека е невозможно секој угостителски објект да организира редарска служба и дека на овој начин се тераат угостителите да ги кршат човековите права загарантирани со Уставот.

Ниту редар ниту било кој вработен во угостителски објект нема право да го идентификува гостинот дали е вакциниран или не, велат од Независната угостителска комора. Одлуката на Владата е апсурдна и невозможно е да се спроведе без законски измени за кои нема време до 16 август.  Во спротивно се крши Законот за заштита на лични податоци, велат угостителите.

„Факт е дека идентификација на гостин за лични податоци и податоци од медициснки карактер согласно законите утврдено е дека може да го прават службени лица, односно МВР и доктор да врши контрола. По ниту еден закон,  по ниту еден основ ниту редар, ниту вработен ни кој било во угостителскиот објект нема право да го идентификува гостинот со име презиме за тоа дали е вакциниран или не“, вели Здравко Јосифовски сопственик на угостителски објект и претседател на НУК.

Владата пред два дена одлучи  од 16 август кафеаните и кафулињата да работаат само на отворено, а ако има повеќе од 30 гости и при некој организиран настан, како што е конференција или семинар, ќе се дозволи влез само на вакцинираните.

Од Бизнис конфедерацијата на Македонија велат дека ќе се почитуваат насоките на Владата за да се заштити здравјето на населението, но сепак сметаат дека на овој начин се кршат повеќе човекови права, дека граѓаните се делат на вакцинирани и на невакцинирани.

За 15 август, преку социјалните мрежи, веќе е закажан протест против овие владини мерки.

Министерството за здравство во неколку соопштенија истакнува дека потврдите за вакцинација се влезница за настани и ресторани во многу земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ