Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со ковид-19, ниту еден од нив не бил вакциниран.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.






