вторник, 19 мај 2026

450 од вкупно 3.497 заразени со ковид-19 биле вакцинирани со две дози

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво и секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од ковид-19 во државата.

Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација и додава дека секоја вакцина која ја имаат на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ