петок, 22 мај 2026

Објавата на ОЈО ГОКК за предистражна постапка во кабинетот на претседателката е скандал, тврдат експертите

Според Законот за кривична постапка предистражната постапка е тајна, велат професорот Тони Дескоски и поранешниот обвинител Војо Димоски за соопштението на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за отворена предистражна постапка за т.н. шпионска афера во кабинетот на претседателот на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Просто не можам да верувам во веста што е пренесена преку медиумите и интернет порталите. Обвинителството за гонење на организиран криминал ПОТВРДИЛО дека води ПРЕДИСТРАГА за шпионажа во кабинетот на претседателката. Според Законот за кривична постапка, предистражната постапка е ТАЈНА! Ова е ноторен факт, кој му е познат на секој студент по право кој го положил КПП. Има нешто многу труло во ОЈО ГОК! Сега тоа стана очигледно. Работата многу заличува на СЈО“, напиша на својот фејсбук-профил професорот на Правниот факултет во Скопје Тони Дескоски.

На оваа негова забелешка прокоментира и поранешниот обвинител, сега адвокат Војо Димоски: „Еве му нова суперприоритетна задача на обвинителот Савески! Овој скандал мора да се расчисти! Надлежен за контрола на работењето на ОЈО за ГОКК е државниот обвинител. Она што до сега го гледам не ми влева надеж дека добро ќе ги исконтолира. Инаку самото јавно потврдување на информацијата за предистрагата е скандал само по себе. Ваква неодговорност не сум можел да сфатам дека може да постои“, напиша Димоски.

Гордана Сиљановска-Давкова, претседателката на Македонија, вчера изјави дека  треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ