Како институција која е постојан сервис на граѓаните, велат оттаму, веруваат дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции.
„Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции“, се вели во информацијата од МВР.
Истовремено, напоменуваат дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.






