среда, 27 мај 2026

Одбојкарската легенда, Владимир Богоевски ја промовираше биографската книга „Секогаш на врвот“

Легендата на македонската одбојка, Владимир Богоевски денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ја промовираше својата биографска книга „Секогаш на врвот“ напишана од еден од доајените на македонското спортско новинарство Златко Калински.

Објавено на

часот

Сподели

Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговата работа како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки комитет.

Голем број на легендарни спортисти и спортски работници, поранешни и сегашни, беа дел од свеченоста, а специјална гостинка на промоцијата беше претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ