Мечот траеше речиси четири часа. Ѓоковиќ добро почна и ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2.
Најмногу неизвесност имаше во третиот сет во кој се играше тај-брејк, а го доби Французинот Роје со 9-7.
Во четвртиот сет Ѓоковиќ беше подобар со 6-3 и ја комплетираше победата од 3-1.
Во третото коло Ноле ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фонсека и Призмиќ.
Да потсетиме, последниот пораз на Ѓоковиќ е токму од Призмиќ, во првиот негов меч на турнирот во Рим.






