Според пријавата, И.Д., вработен како „помлад полицаец“ во Полициската станица Битола, на 25 март 2026 година околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола.
Тој се претставил како полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило ауди, сопственост на неговиот брат. Во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал „МВР“.
Со тоа, како што се наведува, дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР, со намера да ги доведе во заблуда вработените во претпријатието и да избегне плаќање на казната.
Одделот за внатрешна контрола против И.Д. ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.






