Настанот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“, соопштуваат од МВР.
Според неофицијалните информации, пожарот избувнал додека детето готвело и случајно се запалила кујнска крпа или сунѓер. Во обидот да го изгаси огнот, детето ги земало запалените предмети и ги изнело на терасата, но таму имало алишта кои се сушеле, па се развил густ чад кој ги вознемирил станарите во околните згради.
Детето успеало навреме да излезе надвор од објектот и веднаш потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница во Скопје.






