четврток, 16 април 2026

МВР: Нема недостиг на обрасци за возачки дозволи

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја информираме јавноста дека нема никаков недостиг, туку, напротив, МВР има обезбедено резерви што се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок“, информираат од МВР.

Од Министерството апелираат до јавноста да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ