вторник, 21 јули 2026

Мисајловски: Инвестициите во одбраната се инвестиции од граѓаните за Армијата

Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на  врати, прозорци, под, промена на водоводот, санитарните јазли, итн., и додаде дека набргу ќе биде заменет и покривот.

„Исто така имаме уште еден процес, замена на покривите. Се работи за инвестиција од околу 20 милиони денари во повеќе касарни… очекуваме дека негде до крајот на годинава целосно ќе се завршат сите овие зафати што ги имаме започнато во повеќето касарни“, рече министерот.

Мисајловски порача дека инвестициите во одбраната се инвестиции од македонските граѓани за македонската Армија и дека министерството и Армијата се максимално посветени за унапредување на условите за работа на припадниците.

„Ветив дека секој ден ќе биде подобро, чекор по чекор секаде ќе помагаме и ќе ги менуваме сите овие стари објекти. Со години не се фатило да се реновира, да се реконструира, да се гради ново нешто. Ќе го правиме тоа постојано“, потенцира Мисајловски и додаде дека во моментов се работи на приклучување на хидрантска мрежа на издвоениот објект во Отовица во кој за прв пат припадниците ќе добијат питка вода.

Министерот подвлече дека во овој период во повеќе касарни се вложуваат над 3 милиони евра, додека за следната година се планирани над 12 милиони евра за инфраструктура. Тој во оваа прилика истакна дека сето ова, стабилен одбранбен Буџет, нова и модерна опрема, капиталните инфраструктурни проекти , како и грижа за вработените, се целите кои се исполнуваат од почетокот на неговиот мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ