Средбата, како што е анведено во соопштението од Министерството за јавна администрација, претставува континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците размениле мислења за натамошно унапредување на реформите во јавната администрација и динамиката на нивната имплементација.
Министерот Минчев ја потенцирал стратешката определба на министерството и Владата за изградба на ефикасна, транспарентна и професионална јавна администрација, целосно усогласена со европските стандарди и вредности.
Суперти го поздравила остварениот напредок, нагласувајќи дека Европската комисија и понатаму ќе остане доследен партнер во поддршката на реформските процеси и европската интеграција на Македонија.
„Средбата во Будва ја реафирмираше заедничката заложба за продлабочување на партнерството и унапредување на соработката, во насока на ефикасна реализација на реформите и остварување на стратешката цел, односно полноправно членство на Македонија во Европската Унија“, се наведува во соопштението.






