понеделник, 27 април 2026

Мицкоски за случајот „27 април“: Невини луѓе беа прогласени за терористи

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на увидот во градежните активности за реконструкција на Универзалната сала во Скопје, даде свој коментар во врска со одлуката на Апелациониот суд за случајот „27 април“. Според него, овој процес бил политички монтиран од страна на претходната власт.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски истакна дека иако бил направен одреден прекршок за кој требало да се одговара, квалификацијата „тероризам“ е несоодветна.

„Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Тие направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, но не како терористи“, изјави премиерот.

Потреба од одговори за минатите судски процеси pремиерот изрази жалење што денес сè почесто се слушаат сведоштва од судии и обвинители за фингирани процеси, уцени и притисоци.

Тој нагласи дека државата не може да напредува додека не се расчистат клучните прашања поврзани со правосудството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ