недела, 9 ноември 2025

Мицкоски најави американско-британска инвестиција од 150 милиони евра во наменската воена индустрија

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакал да знаете дека состојбата која ја затекнавме беше повеќе од катастрофална, може слободно да се каже дека почнавме буквално од самите темели на државата. Работиме секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо лета во облаци, туку ви велам — ова што сега го правиме, создаваме основа за нешто што ќе се гради десетина години. Ви говорам за периодот по изборите, каде ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Еден ресет на системот, без партиска или било каква поделба“, вели Мицкоски.

Мицкоски ја посочи економијата и заштитата на животниот стандард како втора област во која ќе се вложува, со што ја објави новата инвестиција од 150 милиони долари која ќе донесе 1.000 нови вработувања во Македонија за подобар живот на сите граѓани и раст и развој на економијата.

„Воедно сакам да ви кажам дека втората област каде непрестајно ќе продолжиме да работиме за борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде исто така година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Би сакал да кажам една убава вест којашто мислам дека ќе ги израдува македонските граѓани. Почнуваме еден нов циклус на инвестиции, во завршни преговори сме со американско-британска компанија која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари. Ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места. Ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ