среда, 12 ноември 2025

Меморандум за разбирање и соработка потпишаа Уставните судови на Македонија и Косово

Уставниот суд Македонија и Уставниот суд на Република Косово потпишаа меморандум за разбирање и заемна соработка во области од заеднички интерес, со кој, како што информираат од Уставен, се поставуваат основите за продлабочување и институционализирање на соработката меѓу уставните судови на двете земји.

Објавено на

часот

Сподели

Меморандумот го потпишаа претседателите на двата суда, Дарко Костадиновски и Неџми Реџепи и претставува резултат на досегашната успешна и конструктивна комуникација, а неговата цел е да овозможи континуиран развој на односите, унапредување на професионалните капацитети и подобрување на квалитетот на судската пракса и донесените одлуки.

„-Во рамките на соработката се предвидува организирање на заеднички научни конференции, семинари и стручни обуки, како и размена на искуства, судска пракса, истражувачки резултати и релевантна литература. Со тоа се создава платформа за поголема меѓусебна поддршка и размена на добри практики во областа на уставното судство“, се вели во соопштението од Уставен.

Потпишаниот Меморандум за разбирање стапува во сила веднаш и ќе има важност од пет години, со можност за продолжување по истекот на тој период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ