“На средбата разговаравме за прашања од исклучителна важност за македонската заедница во Албанија. Меѓу другото за унапредување на наставата по македонски јазик во Албанија, доквалификација на наставниот кадар и организирање екскурзии за децата од македонските општини” објави Симонофски.
Исто така изразува благодарност за покажаното внимание и интерес на министерката, но и премиерот Христијан Мицкоски за грижата за Македонците во Албанија.
„Ваквите средби се клучни за зачувување на македонскиот идентитет надвор од границите на татковината. Продолжуваме да работиме за нашите луѓе“, нагласува Симонофски во објавата.






