Дополнително, велат од Левица, загрижува фактот што јавноста доби две спротивни објаснувања во краток временски рок. Првин беше соопштено дека нема поплаки за небезбедност и дека во притворот се гарантираат условите како за секој друг притвореник. Потоа Обвинителството се повика на „индиции“ за загрозена безбедност како основ за замена на мерката со куќен притвор повикувајќи се и на наводна загрозеност на безбедноста на семејството.
Левица: Обвинителството раководено од ДПМНЕ ги дава првите резултати на политичкиот пазар
Откако ВМРО-ДПМНЕ глатко го пушти во бегство Артан Груби, 14-те месеци недостапност завршија со куќен притвор. Лице кое повеќе од една година било недостапно за органите на прогонот, што претставува најсилен можен доказ за ризик од бегство, добива поблага мерка. Во правна држава, ваква околност води кон засилување на притворот, кај нас, води кон негово олеснување, се наведува во денешното соопштение на Левица.
Објавено на
часот





