Вчера околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на имејл адресите на 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, велат од МВР.






