Учениците кои годинава ја слават полуматурата и го завршуваат основното образование, симболично се поздравија со идните првачиња кои допрва ќе седнат во училишните клупи.
Во видеото, кое училиштето го објави на социјалните мрежи, се гледа моментот на „смена на генерации“ – едни заминуваат кон средно образование, додека други го започнуваат својот прв училиштен ден.
„Кругот на животот“, напишаа кратко од училиштето.
Објавата предизвика позитивни реакции кај родителите и граѓаните, кои коментираат дека ваквите моменти потсетуваат дека училиштето не е само место за оценки, туку и простор каде растат генерации, спомени и пријателства.
View this post on Instagram






