вторник, 21 јули 2026

Клековски: Кога ќе одобри Обвинителството, резултатите од анализите на водата во Гостивар веднаш ќе бидат објавени

Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски и кажа дека ако довозли Јавното обвинителство тогаш Министерството веднаш ќе ги објави резултатите од аналиата на водата во Гостивар. Од јавното обвинителство засега не кажуваат дали ќе го дадат на увид извештајот и најавија евентуален брифинг со новинарите за утре. За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. Портпаролката на Владата, Марија Митева рече дека нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени.

„Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се каже, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрагата“, рече Клековски додавајќи дека храната како причина отпаѓа.

Тој уште кажа дека тој е првиот што во саботата информира дека првите случаи се регистрирани на 13 јули.

„Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме“, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.

Како што кажа министерот, првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот.

Досега, како што соопшти Клековски, имало речиси 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на брзата помош.

Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули првпат е забележано намалување на бројот на приеми.

Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести, која ќе излезе со соодветни препораки.

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, на прес-конференцијата рече дека не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно, да се утврди одговорноста.

„Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација“, рече Андоновска.

Портпаролката на Владата, Марија Митева рече дека нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар.

„Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби“, изјави Митева.

Митева на прес-конференцјата во Владата рече дека надлежните институции постапиле навремено и дека е важно и брзото и ефикасно постапување на Обвинителството за да се утврди одговорност.

„Можев да видам дека надлежните институции постапувале со согласност со она што е нивна надлежност, дури и во рекордно време да зваршат обврски кои во голема мера се надлежност на локалната самоуправа. И за водоснабдувањето на жителите во општина Гостивар во случај на епидемија или во сучај на прогласена состојба од страна на АХВ за забрана за водата за пиење, надлежна е Општината да обезбеди непречено снабдување со вода“, рече Митева на заедничката прес-конференција со министерот за здравство и директорите на Институтот за јавно здравје и на Службата за општи и заеднички работи при Владата.

За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата.

Томовски уверува дека од првиот момент кога е пријавена состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Владата е во постојана и директна координација со сите надлежни институции и оти внимателно го следи развојот на настаните во секој момент.

„Покрај институционалната одговорност, постапките на надлежните органи, спроведување на сите неопходни контроли и лабораториски анализи, Владата интервентно одлучи за обезбедување на 50 литри питка вода за пиење којашто ќе биде доставена секој ден на граѓаните во Гостивар. Оваа мерка започнува од денес и ќе продолжи во наредните неколку денови со цел да се обезбедат основните потреби на населението, додека траат мерките и препораките на институциите“, најави Томовски.

Тој соопшти дека дистрибуцијата на водата ќе биде на локациите: Водостопанство Гостивар, градинка „Пролет“, Средното економско училиште Гостивар, ЈП Национални шуми – подружница Шар Гостивар, АД ЕСМ подружница кај гаражите, Општа болница Гостивар и територијалната противпожарна единица Гостивар – информира денеска на прес-конференција директорот ан СОЗР Ивица Топомовски.  Доколку има потреба локациите ќе бидат проширувани.

Дополнително,  водата ќе се доставува директно до градинките и до болницата во Гостивар за да се обезбеди непречено функционирање на овие клучни институции, заштита на најранливите категории, децата и пациентите.

Според Томовски, истовремено, сите надлежни институции продолжуваат со интензивни контроли, анализи и истражни дејствија за целосно утврдување на причините за настанатата ситуација.

„Очекуваме брзо и целосно расчистување на случајот, секој за кого ќе се утврди одговорност ќе сноси строга одговорност согласно законот“, порача директорот на СОЗР Томовски.

Апелира до сите граѓани да ги почитуваат препораките издадени од надлежните институции. Информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, Владата, Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и институциите коишто се занимаваат со оваа проблематика. На тој начин, укажа директорот на СОЗР, ќе се обезбедат навремени и точни информации.

„Приоритет на Владата останува заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосно надминување на оваа состојба“, посочи Томовски, истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да презема се што е потребно за да се за да се обезбеди поддршка се до нормализирање на ситуацијата со водоснабдувањето.

На новинарско прашање дали  најавените количини се доволни  посочи дека ќе се зголемуваат зависно од потребите.

„Првиот ден стартуваме со 50 литри, зависно од тоа колку ќе има потреба во текот на деновите ако има потреба ќе се зголемува количината. Конкретно, во текот на денот ќе бидат доставени три шлепери со вода, понеделнички ќе има 76 тони вода, односно 76 илјади литри. Не се исклучува можност доколку има потреба  да се вклучат цистерни, населението да не се грижи. Се што е потребно ќе обезбедиме како Влада за непречено функционирање“, рече Томовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ