Кекеновски за времениот пасош за Јахоски: Судска подлост и обвинителска срамота
Сведоци сме на нов акт на институционална деградација. Апелацискиот суд дал зелено светло за издавање времена патна исправа на обвинетиот Јахоски – човек кој треба да биде предмет на правна пресметка, а не да се шета низ границите на Балканот. Ова е реакцијата на професорот Јове Кекеновски по вчерашната информација дека Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој е во куќен притвор во истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, деновиве бил во Тирција со исправа со ограничен рок на важење.

Објавено на
часот