сабота, 21 јуни 2025

Јахоски кој е под истрага, сепак добил дозвола за времен пасош од Апелационен суд

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, за кого Судот има определено мерки за претпазливост во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, надвор од државата патувал со исправа со ограничен рок на важење, информираат за МИА од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Излез од држвата Јахоски остварил на Граничниот премин Богородица во петокот на 30 мај и се вратил во државата преку истиот граничен премин денеска на 2 јуни.

„Лицето за кое прашувате остварило излез од Република  Македонија на граничен премин Богородица на 30.05.2025, а се вратило во државата на 02.06.2025 преку граничен премин Богородица. Имено лицето извршило излез од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по претходно донесено решение КСЖ бр. 540/25 од 29.05.2025 на Апелационен суд, со кое се дава согласност на лицето А.Ј. да му се издаде патна исправа со ограничен рок на важење“, се вели во одговорот од МВР.

Јахоски, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во Судот, потврдија од Кривичен за МИА.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ