Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека деновиве и за време на викендот со висок интензитет се одвивале работните активности за поставување на новиот објект до црквата на надморска височина од 1.886 метри.
„Активностите се реализираа на исклучително тежок терен, под врвот Вртушка, до која за транспорт на потребните материјали и алат се користеа коњи со кои беа пренесени греди, камен и други потребни делови за објектот. За време на викендот ја подигнавме рамката на објектот, а ќе продолжиме и со другите проектирани активности“, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.
Врвот Вртушка заедно со цквата Св.Спас се едни од најпосетуваните места во НП Пелистер во текот на целата година. Примарно објектот ќе биде во функција на сите посетители, а дополнително е планирано истиот да се користи и за поставување на опрема од страна на НП Пелистер во функција на заштита на природата и мониторинг.





