сабота, 18 април 2026

Хоџа: Со програмата Лајф стратешките политики ги претвораме во конкретни еколошки решенија

Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата Лајф (LIFE)“ истакнувајќи дека Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, министерот нагласил дека во партнерство со K&S Скопје веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на средствата од ЕУ за зелен пресврт и енергетски ефикасна економија.

Министерот Хоџа истакнал дека програмата LIFE не е само фонд, туку механизам за зелен пресврт кон енергетски ефикасна економија и здрава животна средина.

„Имаме заедничка цел – претворање на стратешките политики во конкретни еколошки акции и одржливи решенија“, порачал министерот пред присутните претставници на институциите, експертската јавност и граѓанските организации.

Настанот, како што се наведува во соопштението, послужил како платформа за координација на приоритетите, со заклучок дека меѓусекторската соработка е клучна за успешно спроведување проекти во рамките на оваа програма на Европската Унија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ