понеделник, 21 април 2025

Голем одрон затрупа коловозна лента на патот Маврови Анови – Дебар

Од поголем одрон е затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвива. Од СВР Тетово потврдија дека имаат информација за одронот кој настанал на три килиометри оддалечност од мавровската брана во правец кон Дебар.

Објавено на

часот

Сподели

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента се до расчистување на одронот.

Во пладневниот извештај, АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвивa, по влажни коловози.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.

Од СВР Тетово потврдија дека имаат информација за одронот кој настанал на три килиометри оддалечност од мавровската брана во правец кон Дебар.

„Заради одрон од камења и земја на магистралниот патен правец Маврови Анови – Дебар во близина на селото Трница, има отежаното движење на возила. Заради опасноста од нови одрони, сообраќајот на овој дел ќе биде запрен и заради безбедносни причини. Првата количина на земја и камења затрупала една лента во должина од околу триесетина метри, но постои опасност од нови одрони. Од овие причини засега патниот правец во овој дел на магистралата е во прекин“, информираа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ