вторник, 21 јули 2026

Гиновска: Дивиот приклучок на гостиварскиот водовод не бил во санитарните зони и немал дозвола од МЖСПП

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до  Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП), изјави денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска на прес-конференција во Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата и е надвор од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните, зашитини зони или во изворот, туку е далеку, на околу 800 – 900 метри од главниот цевковод што ги снабдува Општина Гостивар и околните села со вода за пиење. Предметното зафаќање вода за кое е информирана и јавноста, не е составен дел од дозволата, а водата што се зафаќа е од водно тело кое моментно гравитира во постојан отворен канал. За секоја измена на дозволата од МЖСПП што планира да ја направи некое комунално претрпијатие, вклучувајќи го и Комуналец – Гостивар, прво треба да се поднесе барање до Управата за животна средина – сектор води, кое потоа го разгледува и дава или не дава одобрение за измената. Во конкретниот случај се работи за цевковод што служи за вода за пиење, за исклучително санитарни услови. Точка 11 од дозволата вели дека, за секоја измена која ќе сака да ја направи операторот е должен да побара одобрение од МЖСПП зашто министерот ја издава дозволата која е носечка за водоснабдувањето во градот. Такво барање до денес не е пристиганто во МЖСПП“, рече Гиновска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ