вторник, 13 мај 2025

Филков побара одлучна акција за казнување на предизвикувачите на пожарот во куќата на Пандов

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого да се казнат можните сторители.

Објавено на

часот

Сподели

„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.  Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители. Правда мора да има и ќе има!“, се вели во реакцијата на министерот Филков.

Викенд куќата на Пандов во скопското село Орешани беше опожарена вчера, а случајот во полиција ги пријавил лично тој. Полицијата, како што наведуваат, презема мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ